Ветеринарната станица МАК ФАРМ ВЕТ ДООЕЛ, с.Таринци е лоцирана во управната зграда на свињарската фарма МАК МЕСО АД , с.Таринци.
Со работа започна во јануари 2004год. kога на 27.01.2004год. беше добиено “Решение за упис во регистар на Ветеринарни друштва“ под бр.11-40/2 од страна на Управа за ветеринарство при Министерство за Земјоделие Шумарство и Водостопанство.
Ветеринарната станица поседува сопствени простории и опрема кои ги задоволуваат прописите наведени во “Правилникот за норми и стандарди кои треба да ги исполнуваат Ветеринарните друштва“ издаден од истиот Орган кој го издаде решението.
ДЕЈНОСТ:
Главната дејност на Ветеринарната станица е да се грижи за здравствената состојба на свињите, преку спроведување на сите ветеринарно-санитарни мерки пропишани со позитивните законски прописи во Р.Македонија. Исто така редовно се следат новитетите од светот за унапредување и подобрување на оваа основна дејност. Врши набавка на ветеринарно-медицински препарати за потребите на свињарската фарма МАК МЕСО во с.Таринци и во Свети Николе. Во иднина се планира оваа дејност на Ветеринарната станица да биде проширена и на другите две свињарски фарми – ВИНЕМ ФАРМ Виница и ЖИТО МАЛЕШ Берово.
ВРАБОТЕНИ:
ДВМ (Доктор на ветеринарна медицина) ____ 3 извршители
Ветеринарни техничари __________________ 6 извршители
УПАРВИТЕЛ: Горан Николов ДВМ
Моб:      075 281-781      070 242-586
Тел:            032 300 013            032 300 014
Фах:            032 300 011
E-mail: makvetfarm@zitovardar.com.mk
|