ДПУ ЖИТО ВАРДАР ПРОМЕТ ДООЕЛ Велес
ДПУ Жито Вардар Промет ДООЕЛ Велес е фирма ќерка на Жито Вардар АД Велес. Формирана е на 01.10.2004 год. Во нашите продавници се продаваат производи произведени во групацијата Жито Вардар: леб, пециво, слатки, торти, сувомеснати производи, свинско месо, брашно и јајца. Освен нив продаваме и производи од други реномирани производни и трговски фирми како од Македонија така и надвор од неа. Палетата на производи застапени во нашите продавници е околу 6.000 производи. Цените се наменети за широк круг на купувачи, а квалитетот е загарантиран.
Капацитети
17 продавници-малопродажни објекти.
Вкупната квадратура на малопродажните објекти е околу 1000м2. Најмлата продавница е 7м2, а најголемата е 100м2. Сите се наоѓаат во централното градско подрачје на најпрометните места во град Велес. Петнаесет продавници се за широка потрошувачка, а две за продажба на брашно и сточна храна. Сите продавници се климатизирани и модерно опремени.
Магацински простор од 1.200м2
Основна дејност на магацинот е прием, складирање, дирактна продажба на клиенти и снабдување на сопствените продавници. Во магацинот има три разладни комори од кои две се за одржување, а една за длабоко замрзнување. Квадратурата на овие комори е 120м2 вкупно. Во магацинот работат двајца магационери и четворица транспортни работници.
Возен парк
Комби Ситроен џампер со носивост од 1.600 кгр и камион Застава со носивост од 4.500 кгр.
Вработени
Четириесет и осум продавачи од кои тринаесет се мажи, а 35 се жени.
Контакти:
Тел: централа            043/231-411 локал 170
Тел: директен            043/231-342
Управител: Димче Виларов
тел:            075 448 455
E-mail: dvilarov@zitovardar.com.mk
Менаџер за набавка и продажба: Загорка Периќ
тел:            076 426 840
E-mail: zperik@zitovardar.com.mk

|