на почеток наградна игра вести newsletter контакт форум
 
 
Skip Navigation Links
За Жито Вардар
Производи
Брендови
Прес центар
Бидете во тимот со нас
Сертификати
Календар
 
   
барај
Совет за здрав живот
 


МЛИН

Млинот на АД Жито Вардар е еден од најголемите млинови во Република Македонија со капацитет  од 150 тона за 24 часа. Стариот млин датира од  1927 година од кога можеме и да кажеме дека постои млинарството во нашата фирма. Новиот млин е пуштен во производство во 1981 година.
Неговата технологија е на Германската фирма Миленбау од Дрезден, а комплетно реновиран од ПРОКОП Чешка.
Постојано е предмет на  реконструкции и вложувања се со цел да се подобри квалитетот и квантитетот на брашното. Посебно истакнуваме дека во рамки  на млинот е вградена мешалка за хомогенизација на брашно и можноста за додавање на компоненти и адитиви. Поради тоа брашното на Жито Вардар е специјално.
Како гаранција за технолошко техничката исправност на производството во млинот е припремата за воведување на ХАCCP стандардот. Со тоа гарантираме дека брашното е хемиско и бактериолошки чисто и без механички примеси.
Суровината (пченицата) што се користи во производството во поголем дел е од домашно производство. Од нива до трпеза. Истата претходно е проверена во Републичкиот завод за здравствена заштита Скопје. Согласно резултатите за здравствена исправност на прехрамбени производи суровината одговара за употреба согласно прописите за безбедност на храна.

Капацитети од 150 тона за 24 часа

Контакт:
Л
енче Миткова ,  шеф на Р.Е. МЛИН
Телефони за контакт:
043-231411 , лок. 135
043-232705
e-mail: lmitkova@zitovardar.com.mk



 





Совет за здрав живот
Месото ја подобрува интелигенцијата  
повеќе...
 
 

Copyright 2007 Zito Vardar. All rights reserved. Designed by EIN-SOF