П Е К А Р А
Пекара е дел на групација Жито Вардар која се занимава со производство на леб, бели печива и слаткарство.
Пекарата е изградена по највисоки светски стандарди, се применуваат современи технологии грижејќи се за гастрономските навики и желби на потрошувачите.
Во пекарата се вработени високо квалификувани стручни лица кои во целост ги исполнуваат барањата што ги носи новото време и пребирливиот вкус на потршувачите.
Квалитетот на суровината и производите постојано се контролираат во сопствена современа лабораторија, а за здраствената исправност редовно се доставуваат мостри до Републичкиот завод за здравствена заштита како и дирекцијата за храна на Република Македонија
Долгогодишното искуство, традицијата од 80год, квалитетната изработка, брзата и навремена достава ни ја овозможи привилегијата да бидеме секојдневно присутни на трпезата во многу домови.
Производите можат да се набават во широко распространетата малопродажна мрежа, сопствени продавници и ланци на маркети. Нашите производи се составен дел на менијата на хотели, ресторани, фабрички мензи, армиски мензи…
Со задоволство ги исполнуваме желбите на нашите ГОЛЕМИ-МАЛИ пријатели – децата и секојдневно сме присутни со нашите производи во програмата за исхрана во градинките, училиштата, училишните интернати…
Е-mail : vmecevska@zitovardar.com.mk
|