на почеток наградна игра вести newsletter контакт форум
 
 
Skip Navigation Links
За Жито Вардар
Производи
Брендови
Прес центар
Бидете во тимот со нас
Сертификати
Календар
 
   
барај
Совет за здрав живот
 


ФАБРИКА ЗА СТОЧНА ХРАНА

Фабриката за добиточна храна Градско ЖИТО ВАРДАР АД е основана  1963 год. и е прва од овој вид во Македонија. Во текот на нејзиното постоење се случувале повеќе реконструкции и проширување, така што денес имаме наполно автоматизиран и контролиран процес, којшто ни овозможува висок степен на сигурност на квалитетот.

Подолготрајното отсуство на протеини, аминокиселини, енергија, витамини и минерали во потребната крмна смеска, во организмот предизвикуваат промени, како последица на што се јавуваат нутритивни болести, односно намалена продукција на животните.

Со нашите производи ги задоволуваме вообичаените и зголемените потреби за: погоренаведените состојки, и го поттикнуваме растот и продуктивноста, со што во целост ја зголемуваме економичноста на одгледување на домашни животни.

Грижата за:

•    успешен, правилен развој и пораст на вашите животни, за поголема продукција на месо, јајца, млеко,

•    правилна репродукција,

•    правилна исхрана во текот на гравидноста.

препуштете ни ја нам!

Е-маил: sarsov@zitovardar.com.mk

Процес на производство:


Прием на суровини  - квантитативен и квалитативен

Чување на суровини - зрното и брашнести суровини се чуваат во силоси во ринфуз состојба каде се контролира влагата и температурата (целта е да сировините останат исправни за време на складирањето).

Чување на сировини во вреќи премикси аминокиселини мкф, дкф, креда, млечни брашна, рибино брашно ароми закиселувачи, соини концентрати концентрати од компир ароми калциом формијат и останати производи. (во секое време се работи со окулу 50 различни компоненти).

Преработка на сировините во сточна храна:


1. во брашнеста состојба
2. во пелетирана состојба.

Транспорт со камиони (ринфуз или во вреќи)

Контрола на квалитет

При подготвувањето на овие смески се користат норми кои се пропишани со закон и од кои не треба да се отстапува. За составот на компонентите постојат специјални таблици од разни научни институции. Секоја компонента, пред да се употреби, се анализира хемиски, бактериолошки и миколошки. Повремено, на истиот начин, се испитува и готовата храна.

Нови производи во развој:

Комплетна храна за риби(крап и пастрмка)

Суперконцентрати за сите видови и категории на животни (се додава само енергетски хранива и се добива готова смеска).

Премикси и супермикси произвотството ќе се одвива во приватната фирма фид продукт Скопје погон Градско со помош на стручниот тим на Жито Вардар.

Контакт личности во ф-ка за добиточна храна Градско

• Арсов Сашко, директор на ф-ка за сточна храна дипл. земјоделски инжињер - нутриционист тел:043251074; 075 213417

• Николовски Бранко, одговорен за произвотство дипл. технолог тел:04325028; 075 457 463

• Јандреовски Каме, одговорен за сировини земjоделски инжињер тел:043251640; 075 457 462

 

         


 





Совет за здрав живот
Месото ја подобрува интелигенцијата  
повеќе...
 
 

Copyright 2007 Zito Vardar. All rights reserved. Designed by EIN-SOF