| |
|
ЖИТО ВАРДАР
Почетокот на ЖИТО ВАРДАР АД e поврзан со 1927 година, кога е изградена мелницата и заедно со "Маслодајна", биле во сопственост на Органџиеви. Во тоа време мелницата произведувала по 12 тони брашно на ден. Во 1948 година мелницата се спојува со маалските фабрики, т.н. "Житен Фонд делегација Велес". Подоцна, во 1963 година фузирана кон Жито Вардар е и фабриката за сточна храна во Градско. Од 11.11.1981 година во состав на Жито Вардар влегува и ресторанот "Сина сала", а од 09.07.1991 година Жито Вардар е трансформиран во Акционерско Друштво. По 1995 кога фирмата успешно го пребродува тешкиот процес на приватизација, и кон Жито Вардар се припојуваат и десет други фирми, од кои три свињарски фарми, две живинарски фарми, една ветеринарна станица, три трговски друштва, едно друштво со ограничена одговорност на едно лице, и во 2001 Жито Вардар за да го заокружи процесот на производство на месо и сувомеснати производи ја купи кланицата Жи-Ва кланица со ладилник.
Денеска друштвото фунцкионира како холдинг групација од 11 фирми, една фирма мајка и 10 фирми ќерки.
Corporate Structure
Organization Structure
|
|
Совет за здрав живот Месото ја подобрува интелигенцијата повеќе... |
|
|
|