на почеток наградна игра вести newsletter контакт форум
 
 
Skip Navigation Links
За Жито Вардар
Производи
Брендови
Прес центар
Бидете во тимот со нас
Сертификати
Календар
 
   
барај
Совет за здрав живот
 


Мисија

Врвните резултати во работењето можат да бидат реализирани единствено ако се базирани врз знаење, висока технологија, напорна работа, квалификуван кадар и одлична организација.

Главната цел на нашата компанија е секогаш да бидеме подготвени да им излеземе во пресрет на очекувањата на нашите потрошувачи, нудејќи им беспрекорен и постојан квалитет на производи.

Се гордееме со тоа што нашите производи се наменети за задоволување на потребите и желбите дури и на најпребирливите купувачи, а кога станува збор за односот кон крајниот потрошувач, за нас едноставно нема компромиси - довербата секогаш се темели врз двата исти основни принципи: искреност и ефикасност.

Визија

Наша долгорочна и најважна цел е да станеме широко препознатливи по реализација на разнородна палета на домашни прехрамбени производи со врвен квалитет и да се позиционираме како респектабилна и регионално релевантна корпорација, затоа што себе си се сметаме за компанија која постојано инвестира во исполнување на очекувањата, и тоа  не само на нашите купувачи, туку и на нашите вработени, на нашите партнери и акционери.

Токму затоа целосно сме насочени кон квалитетно работење и раководење со ресурсите, а доказот за тоа е и воведувањето на HACCP системот, кој и во иднина ќе ни гарантира успех и нови високи деловни достигнувања.

Цврсто веруваме во тоа дека иднината што ја посакуваме ќе можеме да ја заслужиме само ако храбро и одлучно планираме во сегашноста.


 





Совет за здрав живот
Месото ја подобрува интелигенцијата  
повеќе...
 
 

Copyright 2007 Zito Vardar. All rights reserved. Designed by EIN-SOF